Рене Тофт Хансен го засилува Веспрем

Данскиот репрезентативец Рене Тофт Хансен е новото засилување во тимот на Веспрем. Хансен потпиша едногодишен договор со унгарскиот шампион на кој треба да му се приклучи од 1 јули годинава.

“Многу сум среќен за мојот трансфер во Веспрем. Настапував шест години во Кил и беше возбудливо да се игра овде, но секогаш кога игравме во Веспрем атмосферата беше неверојатна. Ми се допаѓа да играм овде. Мислам дека јас и тимот имаме ист цели. Јас немам освоено титула во Лигата на шампионите, а Веспрем исто така сака триумф во ЛШ. Тоа беше решавачки фактор за мојата преселба во Верспрем“ – изјави Рене Тофт Хансен.

Данскиот репрезентативен пикер кариерата ја почна во Виборг за кој настапуваше во периодот од 2003 до 2007, потоа настапуваше за КИФ Колдинг и беше дел од проектот Копенхаген. Од 2012 година, Рене Тофт Хансен го носи дресот на Кил со кој има три титули во Бундес-лигата и една титула во Купот на Германија.

Со репрезентацијата на Данска, Рене Тофт Хансен има титула од ЕП 2012 и олимписка титула од Игрите во Рио.

Се вчитува...