Ренова ги продолжи договорите со осум првотимци, Кадриу си замина

Ренова, полека но сигурно, го заокружува составот за следната натпреварувачка сезона. Прволигашот се одлучи за продолжување на соработката со осум стандардни првотимци.

Нови едногодишни договори, по истекот на претходните, со клубот потпишаа Реми Селмани, Ненад Мишковски, Џелил Абдула, Нехар Садики, Арџент Гафури, Бурим Садики, Башким Велии и Самир Фетаи.

Клубот го напушти напаѓачот Флоријан Кадриу кој се одлучи да ја промени средината.

Се вчитува...