Ренова го промовираше Мамаѕаде

Ренова доби засилување во дефанзивниот дел од средниот ред во името на Назим Мамаѕаде. Како што претходно најави ЕКИПА, Азербејџанецот денеска го комплетираше трансферот и потпиша договор со „гипсарите“ на две години.

Мамаѕаде во минатото настапуваше за Нефчи Баку за првиот и вториот тим, а зимава беше на тренинзи и со Борец Велес, но не потпиша за овој тим.

Претходно Ренова ги промовираше Мевљан Мурати, Амир Кахримановиќ и Фисник Зука.

Се вчитува...