Ренова го засилува средниот ред со Хрватот Кахримановиќ

Ренова во своите редови треба да добие ново име од Хрватска. Според информациите на ЕКИПА, ново засилување на „гипсарите“ ќе биде Амир Кахримановиќ. Станува збор за 22-годишен фудбалер кој игра во средината на теренот, и последен клуб му бил Драва од Словенија.

Претходно играл за Волфсберг, Дубрава, Сесвете, Студентски Град и младинските категории на Динамо Загреб.

Ренова досега го провомираше само Фисник Зука за ново засилување, додека од екипата си замина Арѓент Гафури.

Се вчитува...