Ренова и Новаци ремизираа во Охрид

Ренова и Новаци одиграа 1-1 во пријателски натпревар во Охрид, како крај за подготовките на двата тима пред пролетниот дел од шампионатот. „Гипсарите“ поведоа со голот на Арџент Гафури од пенал, а истиот играч имаше уште една шанса да погоди од 11 метри, но не успеа.

Во вториот дел, Анастасов беше стрелец на погодокот за Новаци за израмнување на резултатот.

Се вчитува...