Ренова и Работнички ремизираа на мечот во Тетово кој стартуваше со задоцнување

Ренова и Работнички одиграа без победник, 1-1, во последниот натпревар од 5. коло во Првата македонска фудбалска лига.

На дуелот кој стартуваше со половина час задоцнување поради проблеми на „романтичарите“ со автобусот при доаѓањето од Скопје до Тетово, први поведоа домашните со голот на Ремзифаик Селмани во 24. минута од средбата.

Бодот за Работнички го донесе Марио Станковски со погодокот од пенал во 35. минута од натпреварот.

ПМФЛ – РЕЗУЛТАТИ ВО ЖИВО – 5. КОЛО….

Тетово: РЕНОВА – РАБОТНИЧКИ (1-1)

Селмани 24′ – М. Станковски 35′(п)

Скопје: ШКУПИ – СКОПЈЕ (4-1)

Радески 27′, Хамиди 47′, Адетунџи 50′, 59′

Скопје: МАКЕДОНИЈА ЃП – БОРЕЦ (3-2)

Адем 42′(п), 55′(п), 86′ – Трајковски 25′, 58′

Кавадарци: ТИКВЕШ – СТРУГА ТЛ (1-1)

Христов 10′ – Скендери 80′

Штип: БРЕГАЛНИЦА – АК. ПАНДЕВ (3-2)

Ескиќ 66′, Ѓокиќ 83′, Алтипармаковски 90’+3 – Велиновски 17′, Мирчевски 73′

Битола: ПЕЛИСТЕР – ШКЕНДИЈА (2-2)

Јуфо 39′ 62′(п) – Рамадани 9′, 77′

Се вчитува...