Екипата на Ренова очигледдно ќе претрпи доста измени за следната сезона. Од таборот на „гипсарите“ си заминаа дури седум играчи, и тоа дел од оние кои го носеа товарот на екипата во минатата сезона.
Од тимот од Тетово заминува најдобриот стрелец Ремзифаик Селмани, кој продолжува во унгарски Мезоковешд. Членови на Ренова не се повеќе ниту Виктор Серафимовски, Емран Рамадани, Мевлан Мурати, Антонио Илиески, Албан Таипи и Игор Алексовски. Саимир Фетаи ја заврши кариерата.
Игор Алексовски вчера беше промовиран во тимот на Работнички, Антонио Илиески замина во албански Кукеси. Мевлан Мурати се врати во Шкендија откако му истече позајмицата, додека Емран Рамадани се пресели во Гостивар. Виктор Серафимовски треба да продолжи во тимот на Силекс, практично да се врати во оваа екипа во која настапуваше од 2019 до 2021 година. Засега не е познато каде ќе продолжи Албан Таипи.
Ренова досега не промовираше ниту едно засилување. Веднаш по завршувањето на сезоната од таборот на „гипсарите“ беше објавено дека тренерот Ќатип Османи останува на кормилото уште една сезона.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА