Ренова со „петарда“ за Локомотива

Македонскиот прволигаш Ренова имаше повеќе од успешна генерална проба во пресрет на почетокот на пролетниот дел од првенството во Првата лига. „Гипсарите“ денеска го совладаа второлигашот Локомотива со 5-0. Тимот на Влатко Костов беше доминантен на овој пријателски меч и покажа дека се наоѓа во добра форма пред гостувањето во Скопје и дуелот со Работнички на 14 февруари.

Влатко Стојановски го отвори резултатот во корист на Ренова, на 2-0 зголеми Фатјон Јусуфи, а третиот гол беше дело на Лавдрим Скендери. До крајот на мечот во листата на стрелците се запишаа и Лукас, како и Бурим Садики.

Се вчитува...