Репрезентативец на Јужна Кореја, најскапо засилување во историјата на Црвена Звезда

Корејскиот репрезентативец Хван Ин Бом во следните 24 часа ќе го комплетира трансферот од Олимпијакос во Црвена Звезда, со што овој фудбалер ќе стане најскапо засилување во историјата на белградскиот фудбалски гигант.

Станува зборза играч кој настапува на позицијата последен играч за врска, за која тренерот Бахар инистираше да биде засилена пред почетокот на настапите во Лигата на Шампионите. „Црвено-белите“ десетина дена преговараа со гигантот од Атина и конечно начелно е постигнат договор, вкупната висина на трансферот ќе изнесува пет милиони евра, сума што Црвена Звезда ќе ја плати на три годишни рати.

За услугите на овој фудбалер се интересираше и Динамо Загреб, но понудата на „црвено-белите“ од Белград беше далеку повисока од онаа на хрватскиот првак.

Српскиот шампион во меѓувреме го донесе на позајмица и дефанзивецот Насер Џига од Базел, а во завршна фаза се и преговорите за напаѓачот на Адана, Шериф Ндаје.

Се вчитува...