Репрезентативецот Бојан Димоски ја засили Шкендија!

Вицешампионот Шкендија во своите редови доби екстра репрезентативно засилување. Станува збор за левиот бек Бојан Димоски, кој доаѓа како слободен играч откако го напушти ТСЦ Бачка Топола.

Димоски настапуваше и за Партизан, а беше дел и од Акрон Тољати, во минатото и во Академија Пандев и во Вардар. За македонската репрезентација Димоски има одиграно 20 меча.

Тој исто така беше поврзуван и со „кам-бек“ во Вардар, но од таборот на шампионот негираа дека имало преговори, по што на крајот се договори со „црвено-црните“, ама од Тетово.

Договорот со Димоски е на две години, а играчот веднаш се приклучува на екипата на подготовките во Словенија.

Се вчитува...