Репрезентативецот Кристијан Николов е ново големо засилување за Работнички!

Работнички за новата сезона ги засилува своите редови и со искусниот македонски репрезентативец Кристијан Николов.

29-годишниот плејмејкер повторно се враќа во Градски парк каде играше во 2023 година. Во македонскиот шампионат беше дел и од МЗТ Скопје од 2019 до 2022 година.

Во Работнички сега доаѓа откако изминатата сезона настапуваше за турски Газиантеп. Претходно во кариера настапуваш и за бројни екипи во Турција, почнувајќи од Галатасарај преку Беледије, Трабзон, Коња, Пеким, Истанбул ББ, Капакли…

Се вчитува...