Репрезентативецот на Гана и напаѓач на Хатајспор, Кристијан Атсу е пронајден под рушевините по страотниот земјотрес во Турција и за среќа е жив иако тешко повреден.
Атсу, кој во неделата постигна гол за голема победа на Хатајспор над Кашимпаша од 1-0, утрово остана заробен во рушевините, но во попладневните часови спасувачките тимови успеале да го пронајдат жив. Поранешниот фудбалер на Порто, Њукасл и Челси е пронајден со повреди на десната нога и потешкотии во дишењето но е жив и веднаш префрлен на итно лекување.
Хатај беше еден од најпогодените турски градови. Покрај Атсу исчезнат е и спортскиот директор на фудбалскиот клуб, Танер Савут и член на одделението за односи со јавноста. Пронајдени се живи и спасени и фудбалерите на Онур Ергун и Бурак Оксуз, а Керим Аличи сам успеал да се извлече од под рушевините.
Атсу е спасен, но некои не успеаја, за жал, да преживеа. Голманот на Малатијаспор, Ахмет Ејуп е пронајде, за жал, мртов.
Се уште трае потрагата по одбојкарската екипа Хатај. Одбојкарките останале затрупани во провинцијата Малатија, а судбината на одбојкарките е се уште непозната.
Слична судбина го затекна и машкиот одбојкарски клуб Малатја, а спасувачите досега успеале да спасат тројца одбојкари.
Во градот Кахраманмарас целосно е срушена една сала и тоа во момент кога во неа, во сместувачките капацитети биле меѓу 30 и 40 борачи. Се верува дека поголемиот дел од нив не успеале да се спасат, но се уште нема официјална потврда.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА