Репрезентативецот Новевски – најдобар фудбалер на интернационалниот турнир во Приједор

Еден од најталентираните македонски фудбалери, Владан Новевски е прогласен за најдобар играч на интернационалниот турнир во кадетска конкуренција кој изминатиов викенд се одржа во Приједор.

Репрезентативецот на Македонија до 17 години беше главниот двигател на новосадска Војводина до трофејот на турнирот, поради што и го доби признанието за најдобар фудбалер. Војводина во финалето славеше против домашниот Рудар со 2-0, откако претходно во полуфиналната пресметка беше подобра со 3-0 од ФК Алфа. Третото место на турнирот го освои италијанскиот Трст.

Владан Новевски признанието за најдобар фудбалер на интернационалниот турнир го доби од поранешниот трофеен тренер на Работнички, Драгољуб Беквалац, кој е и поранешен фудбалер на Војводина.

Новевски беше дел од репрезентацијата на Горан Станиќ која во Полска настапи во елитните квалификации на УЕФА оваа година, но поради своите 16 години сега повторно има право за настап и во следната македонска генерација до 17 години низ квалификациите за ЕП.

Се вчитува...