Репрезентативците го почувствуваа „Кошево“ пред утрешниот меч со БиХ (ФОТОГАЛЕРИЈА)

ЕКИПА во Сараево, БиХ,

Горан Бошев

Македонската репрезентација вечерва го одработи единствениот тренинг на стадионот „Асим Фехатовиќ-Хасе“, и популарното „Кошево“ во Сараево, пред утрешниот пријателски натпревар кој се игра со почеток од 20:30 часот.

Избраниците на Гоце Седлоски во позитивна атмосфера во очекување на утрешната средба која, всушност, претставува испраќање на Босанците на Мундијалот во САД, Мексико и Канада.

На тренингот присуствуваше и поранешниот репрезентативец Крсте Велкоски, кој сега е спортски директор на Сараево каде остави силна трага во играчката кариера.

Македонија на дуелот против БиХ ќе биде без капитенот Енис Барди кој поради повреда отпадна за оваа пресметка.

 

Се вчитува...