Репрезентативците на прошетка низ каналите во Амстердам (ФОТО)

ЕКИПА во Амстердам,

Роберт Спасовски (ФОТО)

Слободното попладне македонските репрезентативци денеска во Амстердам го искористија за водена прошетка низ далеку познатите канали во холандскиот град.

 

Националниот тим утре го очекува официјалниот тренинг пред дуелот со Холандија, па денеска слободното време беше искористено за заедничко разгледување на Амстердам.

Во текот на утрешниот ден ќе биде попрецизно познато и колку капитенот Горан Пандев ќе биде подготвен за понеделничкиот натпревар, откако доби одмор, меѓу другото, и поради малата повреда на зглобот на која се жалеше уште пред натпреварот со Украина во Букурешт.

Се вчитува...