Денеска во хотелот „Холидеј-Ин“ се одржа ждрепката за Светското училишно првенство во ракомет, чиј домаќин е Скопје. На овој голем настан ќе учествуваат 36 земји, кои ќе настапат во машка и во женска конкуренција. Сите делегации веќе се пристигнати во нашиот главен град и со нетрпение го очекуваат стартот на Светското училишно првенство во ракомет.
Во машка конкуренција, Македонија ќе игра во групата А заедно со Република Српска, Грузија, Бугарија и Саудиска Арабија.
*Според системот за натпреварување првопласираните репрезентации од секоја група ќе се пласираат во полуфинале.

Во женска конкуренција, Македонија ќе игра во групата Ц заедно со Белгија, Грузија и Словачка.

*Според системот за натпреварување првите две селекции од секоја група ќе се пласираат во четвртфинале.
Салите и сатниците според пропозициите на IFS, ќе бидат одредени утре на технички состанок, кој стартува во 10 часот. Натпреварите ќе стартуваат на 22 април.
Отворањето на Светското училишно првенство во ракомет ќе се одржи на плоштад Македонија со почеток во 19:30 часот.
На 21 април започнува спектаклот! Свеченото отворање на ISF Skopje 2026 ќе го претвори Плоштад Македонија во центар на светот
Дефиле на репрезентации
Музика и шоу програма
Атмосфера што не се пропушта
19:30 часот
Плоштад Македонија
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
