Репрезентацијата до 16 години на тестови со Ерменија

Репрезентацијата на Македонија до 16 години ќе одигра два контролни натпревари со соодветната селекција на Ерменија. Натпреварите ќе се играат на тренинг центарот „Петар Милошевски“. Првата средба е во сабота, а вториот натревар се игра во понеделник. Двете средби се зкажани во 14 часот.

Со ова започнува серијата на подготвителни средби на оваа генерација за октомврискиот квалификациски циклус кој ќе се одигра во октомври во Скопје. Покрај Македонија на турнирот ќе настапат и селекциите на: Словачка, Молдавија и Босна и Херцеговина. До почетокот на квалификаците репрезентацијата ја очекува и развоен турнир во април каде ќе ни гостуваат националните тимови на Романија, Израел и Лихтенштајн. Во мај ќе играме две средби со Азербејџан, а во април ни гостува Кипар.

Натпреварите со Ерменија се убава можност да ја провериме формата на некои фудбалери. Поради откажувањето на кампот во Дојран не бевме во можност да видиме со каков квалитет располагаат дел од фудбалерите кои настапуваат во странство. Тие за прв пат ќе бидат со нас. На тој начин ќе добиеме појасна слика за нивниот потенцијал. Истовремено ќе ја провериме формата на останатите. Веќе имаме зкажано 7-8 натревари и веруваме дека до квалификаците ќе ја достигнеме посакуваната форма“ – вели селекторот Горан Станиќ.

Селекторот Горан Станиќ за натпреварите против Ерменија ги повика следните фудбалери:

Голмани: Филип Џамтовски (Македонија Ѓ. П.), Матеј Андов (Вардар);

Одбрана: Божидар Митревски (Работнички), Ване Тасевски (Сасуоло, Италија), Мишко Арсовски (Работнички), Кристијан Трпчевски (Њу Старс), Борис Јакимовски (Работнички), Ален Јусуфов (Рапид Виена, Австрија);

Среден ред: Емил Скоко (Македонија Ѓ.П.), Рони Синани (Гостивар), Бојан Димовски (Вардар), Кире Трпчевски (Работнички), Ален Личина (Работнички), Кушрим Таири (Шкендија), Елези Агон (Шкупи), Владо Новевски (Војводина, Србија), Бесир Бефтијари (Теплице, Чешка), Амар Колешинац (Олимпија, Словенија);

Напад: Давид Тошевски (Работнички), Ибраим Ариф (Академија Пандев).

Се вчитува...