Муин Чабани е нов селектор на репрезентацијата на Тунис, соопшти Туниската фудбалска федерација. Тој го наследува Французинот Ерв Ренар по неуспешниот настап на Светското првенство 2026, каде Тунис ги загуби сите три натпревари и заврши последен во групата.
45-годишниот Чабани потпиша четиригодишен договор и ќе ја предводи селекцијата во квалификацискиот циклус за Светското првенство 2030.
Поранешниот тренер на Есперанс Тунис зад себе има богата кариера, а со клубот освои две титули во африканската Лига на шампиони (2018 и 2019). Подоцна работеше во Египет и Мароко.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
