Репрезентацијата на Србија испрати порака до Симаниќ (ФОТО)

Кошаркарската репрезентација на Србија натпреварувањето на Светското првенство го продолжува без Бориша Симаниќ кој на вечерашниот натпревар против Јужен Судан доби удар во пределот на бубрегот поради кој ќе мора да оди на операција.

Симаниќ повеќе не е со репрезентацијата, но тој е во мислите на соиграчите и стручниот штаб кои во знак на поддршка на социјалните мрежи споделија групна фотографија на која го држат неговиот дрес насловена „Семејство“.

Се вчитува...