Решени сите дилеми: Станковиќ потпиша нов договор со Црвена Звезда

И покрај понудите од Италија и шпекулациите дека ќе си замине, Дејан Станковиќ останува на клупата на Црвена Звезда откако денеска потпиша нов договор со важност до 2025 година.

Станковиќ е во Звезда од декември 2019 година, откако дојде на местото на Владан Милојевиќ. Тимот со него освои три шампионски титули по ред, а играше и во групната фаза во Лигата на Европа.

„Феноменално се чувствувам, после многу добрата и тешката сезона, направивме голем успех и потписот на договорот е потврда дека заедно можеме се. Сакам да се заблагодарам на клубот за довербата и трпението. Ова беа две и пол убави години, и сега тргнува уште подобар циклус. Ова е само потврда дека клубот од првиот ден веруваше во мене. Да се заблагодарам на моите момци, без нив не би бил комплетиран. Не би успеал да направам такви значајни резултати да не беа тие. Благодарност и до навивачите, заедно можеме се“, изјави Станковиќ.

Се вчитува...