Револт во Шкендија: Судиите го спасуваа Вардар…, имаше и пенал за нас (ВИДЕО)

Шкендија беше подобар противник од Вардар во првиот четвртфинален натпревар од Купот на Македонија денеска на „Филип Втори“, но само поради нереализацијата на неколку одлични можности остана без триумф.

Сепак, во таборот на Шкендија сметаат дека и судењето му помогна на Вардар да остане непоразен…

„Како по обичај повторно имаме проблеми со судењето кога играме против Вардар. Бевме многу подобар противник, ја заслуживме победата но имаше неколку клучни судиски грешки кои влијаеја на конечниот резултат. Но, тоа ќе биде само дополнителен мотив за нас на реваншот. Имаме добар резултат и во Тетово ќе играме носени од желбата за пласман во полуфиналето од Купот“ – истакна Хасани по денешниот дуел во Скопје.

Од Шкендија, како еден од спорните моменти, го потенцираат и недосудениот пенал во финишот кога Никола Глигоров играше со рака пред својот гол…

Се вчитува...