Револт во таборот на Шкендија: Недосуден чист пенал во 88. минута… (ВИДЕО)

Нескриен е револтот во таборот на Шкендија по крајот на натпревар во Трондхајм, од плеј-оф рундата за место во групите на Лигата на Европа, во кој македонскиот шампион загуби од Розенборг со 3-1.

Револт поради пропуштената можност да се стигне до далеку подобар резултат, а тоа Шкендија го заслужи согласно играта на „Леркендал“, но револт и поради недосудениот очигледен пенал за „црвено-црните“ во 88. минута.

На две минути пред крајот, Бесарт Ибраими се најде во убава шанса, прекрасно шутираше а топката пред голот на домашните удри во рака еден од домашните дефанзивци. Но, според главниот судија Орел Гринфилд од Исланд, немало причини за пенал. Сепак, видео снимките очигледно покажаа дека топката која одеше кон голот на Андре Хансен беше запрена со рака…

Во продолжението поради протестите за таквата судиска одлука жолт картон заработи и капитенот на Шкендија, Арменд Алими.

Се вчитува...