Револуција во НБА – Се воведува куп натпреварување како во фудбалот?

Комесарот на НБА лигата, Адам Силвер, изјави дека постои голема шанса во иднина да се воведе куп натпреварување во најсилната кошаркарска лига во светот, како би можело тимовите да се борат за уште еден трофеј.

„Моја должност е цело време да гледам како функционираат и напредуваат другите организации и спортови обидувајќи се да научам нешто ново. Во случајов, европскиот фудбал има многу работи кои би можело да се украдат. Знам дека традиционалистите ќе речат дека никого нема да го интересира тоа ново натпреварување и тој трофеј, но мојот одговор е дека нашата организација има можност да креира историја“, вели Силвер. 

Првиот човек на НБА лигата додаде дека идејата е уште на почетокот, но има некои идеи како би можело сето тоа да изгледа. Во првиот случај тимовите би се натпреварувале во класичен куп формат, чиj фајнал-фор ќе се игра во текот на Ол-стар викендот. Во вториот случај би имало натпреварување на крајот од регуларниот дел од сезоната и преку тоа натпреварување тимовите би можеле да обезбедат пласман во плеј-офот.

Се вчитува...