Резервите на Барса доволни за победа над Мурсија

Ернесто Валверде ги одмори речиси сите првотимци, но Барселона сепак лесно стигна до победа од 0-3 на гостувањето против Мурсија, на стартот од Копа дел реј. Каталонскиот гигант и без Меси, Суарез, Пике и останатите ѕвезди во тимот успеа рутински да триумфира, па реваншот на „Камп ноу“ против истиот ривал ќе биде обична рутина и уште една шанса за дел од помладите играчи да блеснат во дресот на Барса.

Првиот погодок беше дело на Алкасер во финишот од првото полувреме, на 0-2 во вториот дел зголеми Деулофеу, додека третиот гол за Барселона го постигна младиот Арнаиз.

Се вчитува...