Резервите на Јувентус го скршија отпорот на Парма

Јувентус останува со максимален ефект и по второто коло од Серија А откако „„старата дама“ славеше на домашен терен над Парма со 2-0.

„Црно-белите“ се мачеа во првото полувреме во кое имаа само една шанса (ударот од далечина на Консеисао што заврши во дирекот), но во вториот дел стигнаа до посакуваниот исход откако тренерот Спалети ги погоди замените.

Нико Гонзалез веќе во 57. минута на местото на индиспонираниот Дејвид и шест минути подоцна донесе радост на „Алијанц Арена“ во Торино.

Парма мораше да се отвори, а Јуве во финишот постигна и втор гол, во 88. минута преку Копмајнерс кој само две минути претходно влезе на местото на повредениот Камбијасо.

Се вчитува...