Ракометната Федерација на Македонија уште еднаш се потврди како општествено одговорна организација, излегувајќи на терен кој не е спортски, но дефинитивно помага за подобар живот на сите нас.
Имено, претставиците на куќата на ракометот денеска заедно со компанијата “Фабрика Карпош”, се приклучи на големата еколошка акција за почисто Скопје.
„Со заеднички сили дадовме свој придонес за почиста и поубава животна средина, затоа што грижата за нашиот град е одговорност на сите нас. Не оставај ѓубре – остави пример“, порачуваат од Ракометната Федерација на Македонија.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
