РФМ го објави предлог списокот за поделба на парите од ваучери за ракометните клубови

Ракометната Федерација на Македонија го објави предлог списокот за рангирање на клубовите, листа по која ќе се врши распределбата на парите од ваучер-системот за 2023 година.

Очекувано, на врвот се наоѓа шампионот Вардар, пред вицепрвакот Еурофарм Пелистер, додека во Топ 5 клубовите на оваа листа се наоѓаат уште и Бутел, Пролет и Еурофарм Пелистер 2.

Кај женските клубови, најголем ваучер ќе му припадне на ЖРК Металург, пред Куманово, Вардар и Ѓорче Петрови.

Целосното рангирање на сите ракометни клубови во машка и во женска конкуренција можете да го погледнете на ОВОЈ ЛИНК.

Се вчитува...