РФМ го одреди Скопје за град-домаќин на Финска

Македонската ракометна репрезентација ќе го почне новиот квалификациски циклус за ЕП 2022 со домашен натпревар против Финска, што ќе се игра на 4 ноември со почеток во 20 часот. Ракометната Федерација на Македонија одлучи овој натпревар да се игра во СЦ „Борис Трајковски“ во Скопје, арената во која нашите ракометари ги одиграа поголемиот дел од своите домашни среддби во последните години.

Во текот на последниот циклус Турција беше пречекана во Битола, а Грција во Струмица, но „куќата на ракометот“ се реши дуелот со Финците да се игра во главниот град.

Само три дена по дуелот Македонија – Финска нашите ракометари ги очекува и гостување во Швајцарија, меч закажан за 18.30 часот во гратчето Цуг.

Се вчитува...