Ракометната федерација на Македонија објави дека го продолжува партнертството со „Македонски Телеком“, кој и понатаму ќе биде еден од клучните поддржувачи на ракометот.
„Со особено задоволство го продолжува долгогодишното и успешно партнерство со Македонски Телеком, кој и во наредниот период ќе остане еден од клучните поддржувачи на македонскиот ракомет. Македонски Телеком со години претставува стабилен и сигурен партнер на националните ракометни селекции, давајќи значаен придонес во развојот на ракометот и промоцијата на спортските вредности во нашата држава. Поддршката што ја добива македонскиот ракомет преку ова партнерство е од суштинско значење за континуитетот, квалитетната подготовка и настапите на нашите репрезентации на големите меѓународни натпреварувања“, стои во објавата на РФМ.
Претседателот на Ракометната федерација на Македонија, Александар Стефанов, изрази благодарност за довербата и поддршката, истакнувајќи дека продолжувањето на соработката со Македонски Телеком е уште една потврда за заедничката визија и долгорочната посветеност кон развојот на македонскиот ракомет.
„Македонски Телеком е пример за општествено одговорна компанија која континуирано вложува во спортот и младите. За нас претставува чест и привилегија што и понатаму ќе градиме заедничка приказна, насочена кон унапредување на ракометот и создавање нови спортски успеси“, изјави Стефанов.
Ракометната федерација на Македонија и Македонски Телеком и во иднина ќе работат заедно на поддршка на националните селекции, развој на младинските категории и афирмација на ракометот како еден од најзначајните спортови во земјата.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

