Ракометната федерација на Македонија денеска информираше дека, со цел обезбедување на највисоко ниво на транспарентност, еднакви услови за натпреварување и непречена организација на бараж натпреварите за пласман во Супер лигата, донесена е одлука за промена на местото на одигрување на бараж натпреварот во машка конкуренција.
Бараж натпреварот во машка конкуренција помеѓу РК Струга и РК Младост 1977 наместо во Радовиш, ќе се одигра на 03.06.2026 година во спортската сала „Антон Димитров“ – Бутел, Скопје, со почеток во 19 часот.
Бараж натпреварот во женска конкуренција помеѓу ЖРК Пелистер 2012 и МРК Ѓорче Петров 2 ќе се одигра согласно претходно утврдениот распоред на 03.06.2026 година во спортската сала „25 Мај“ во Радовиш, со почеток во 17.30 часот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
