РФМ исплати 50.000 евра како премија за успехот на ракометарите

Ракометната Федерација на Македонија ја исплати премијата од 50.000 евра што им беше ветена на членовите на машката сениорска репрезентација, за обезбедениот пласман на СП 2023.

„Црвено-жолтите“ одиграа четири одлични меча против Романија и Чешка, стигнувајќи до нов мундијалски билет за шампионатот што во јануари ќе се одржи во Полска и во Шведска.

„По претходно донесена одлука на Управниот Одбор, денес Ракометната Федерација на Македонија ја исплати наградата од 50.000 евра на машката сениорска репрезентација за пласманот на IHF World Championship 2023 во Полска и Шведска. Македонската сениорска репрезентација обезбеди пласман на IHF World Championship 2023 во Полска и Шведска совладувајќи ги репрезентациите на Романија и Чешка во бараж квалификациските натпревари. Машката сениорска ракометна репрезентација го задржа континуитетот на настапи на големите натпреварувања, обезбедувајќи осмо учество на ракометен Мундијал кој ќе се одржи во Полска и Шведска во јануари 2023 година“, објави Ракометната Федерација на Македонија на својата официјална веб-страница.

Се вчитува...