РФМ ја исплати премијата на женската репрезентација

Ракометната Федерација на Македонија ја исплати премијата од 10.000 евра на женската сениорска репрезентација, за пласман во баражот за СП Јапонија 2019, како експресна реализација на одлуката донесена на понеделничкиот состанок на Управниот Одбор на РФМ.

Успешниот настап во квалификациската група што се играше на домашен терен, им обезбеди пласман на нашите репрезентативки за бараж-натпреварите кои ќе се одиграат во јуни 2019 година, против селекцијата на Словенија. Победниците од бараж-двомечот ќе осигураат пласман на Светското Првенство во Јапонија во 2019 година.

Управнииот Одбор на РФМ донесе и дополнителна одлука, доколку сениорките обезбедат пласман на претстојното СП во Јапонија да бидат наградени со дополнителни 30.000 евра.

Се вчитува...