Ракометната федерација на Македонија назначи четири нови селектори на младинските репрезентации. Промени има во женските репрезентации до 15, 17 и 19 години, како и во машката репрезентација до 17 години.
„Ве известуваме, во делот на спроведување на програмските активности, а согласно член 35 од Статутот на РФМ, односно Член 3 точка 11 ‘’Одлука без присуство’’ од Законот за здружение и фондации (Сл. весник на РМ бр.52 од 16.04.2010 год), на ден 15.05.2025 година Управниот одбор донесе одлука за именување на селектори во Младински категории.
За именување на селектор г-дин Симе Симовски одговорен за женска национална селекција (У19);
За именување на селектор г-ѓа Даниела Новеска одговорена за женска национална селекција (У17);
За именување на селектор г-дин Славиша Димитријески одговорен за женска национална селекција (У15);
За именување на селектор г-дин Горан Кузманоски одговорен за машка национална селекција (У17);“, стои во соопштението на РФМ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА