РФМ објави крај на сезоната – Македонија ќе нема шампион во ракомет

Ракометната сезона во Македонија и официјално е завршена со одлуката што денеска ја донесе раководството на РФМ. Во период кога не постојат услови за нормално довршување на шампионатот, челниците на „куќата на ракометот“ донесоа одлука за предвремен прекин на шампионатот, притоа не доделувајќи ја шампионската титула на ниту еден тим.

Проблемот беше во фактот што Вардар и Пелистер поради настапите во СЕХА-лигата сезонава немаа одиграно ниту еден единствен меч на домашната ракометна сцена. Металург беше актуелен лидер во Супер-лигата, но РФМ процени дека ќе биде некоректно да се именува првак кога најдобрите тимови во Македонија немаат разигрувано меѓусебно, па реши да ја поништи сезоната без именување на првак за 2019/20.

Се вчитува...