Ракометата Федерација на Македонија денеска објави дека го враќа „во мода“ изборот за најдобар македонски ракометар и ракометарка.
Повеќе од една деценија немаше избор за најдобрите во спортот број 1 во државата, за сега оваа манифестација повторно да се врати на програмата.
Како што објавија од РФМ, изборот „Ракометари на Македонија“ 2025 ќе се одржи на 1 ноември, на истиот ќе бидат доделени најмалку десет признанија за сите оние кои ја одбележаа минатата натпреварувачка сезона (2024/25).
Сениорската репрезентација на Македонија на 1 ноември во 16 часот ќе игра пријателски меч со Јапонија, и тоа во Куманово, а за четири часа подоцна во Скопје е закажан овој настан на кој ќе се слави ракометот како спорт број 1 во државата.
„Ни претстои значајна вечер во светот на македонскиот ракомет!
Со особена чест и задоволство,Ви ја најавуваме:
🏆 ВЕЧЕР НА РАКОМЕТАРИ НА МАКЕДОНИЈА 2025
📍 DoubleTree by Hilton – Скопје
📅 Сабота, 01.11.2025
🕗 Почеток: 20:00 часот
✨ Заеднички ќе им оддадеме признание на нашите најдобри ракометари и ракометарки за сезоната 2024/2025
Во присуство на најистакнатите имиња од ракометната сцена, спортски работници, медиуми и гости од јавниот живот, ќе прославиме уште една успешна ракометна година.
🎶 Настанот ќе биде збогатен со музичка програма, специјални изненадувања и атмосфера достојна за нашите ракометари и ракометарки.
📸 Подгответе се за ноќ исполнета со емоции,аплаузи…
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

