РФМ парично ги казни Тиквеш и Вардар

Дисциплинската комисија на Ракометната федерација на Македонија парично ги казни екипите на Тиквеш и Вардар по нивниот меѓусебен дуел кој го имаа изминатиот викенд во Кавадарци.

Тиквеш е казнет со 50.000 денари поради слаба организација на натпреварот.

Црвено-црните, пак, се казнети со 30.000 денари поради фрлање на предмети на теренот од делот од трибината на која беа сместени навивачите на Вардар.

Дуелот кој се играше во рамки на четвртото коло во Суперлигата му припадна на Вардар со 35:27.

Се вчитува...