РФМ пресуди: Иста парична казна и за Вардар и за Пелистер, „црвено-црните“ добија и суспензија на теренот

Ракометната Федерација на Македонија ги одреди казните по големите инциденти на вечното дерби меѓу Вардар и Еурофарм Пелистер, кое имаше подолг прекин поради хаосот создаден од двете навивачки групи во СЦ „Јане Сандански“.

По добиените изјави од страна на двата клуба, дисциплинската комисија донесе одлука и Вардар и Еурофарм Пелистер да платат идентична парична казна за однесувањето на своите навивачи, во висина од по 150.000 денари.

Воедно, Вардар е казнет и со суспензија на теренот на наредните две домашни средби на „црвено-црните“.

Сезоната во ракометниот плејоф продолжува со дербито што ќе се игра во Автокоманда, на мечот Алкалоид – Еурофарм Пелистер.

Се вчитува...