Ракометната Федерација на Македонија пред неделниот меч во Битола против Словенија со пригодни подароци го одбележа репрезентативното пензионирање на Јована Саздовска, Елена Ѓорѓиевска и Симона Маџовска..
Денеска, раководството на РФМ испрати и јавна благодарност за сето она што овие три ракометарки го направија за женскиот ракомет во сиот изминнат периоод.
„Во пресрет на натпреварот меѓу женските сениорски репрезентации на Македонија и Словенија, Ракометната федерација на Македонија им оддаде признание и искрена благодарност на три истакнати репрезентативки кои ставија крај на својата репрезентативна кариера: Јована Саздовска, Елена Ѓорѓиевска и Симона Маџовска.
Во знак на почит за нивниот придонес кон македонскиот ракомет, на пригодна церемонија им беа врачени врамените дресови од страна на претседателот на РФМ, Александар Стефанов, генералниот секретар Влатко Тасевски, како и легендата на македонскиот ракомет, Индира Кастратовиќ.
РФМ им изразува искрена благодарност за професионализмот, пожртвуваноста и посветеноста што ја покажаа во дресот со националниот грб. Нивниот пример ќе остане инспирација за идните генерации ракометарки.
Ви благодариме, Јована, Елена и Симона“, објавија од „куќата на ракометот“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

