Новиот претседател на Ракометната федерација на Македонија, Александар Стефанов на денешната прес-конференција по повод Ф4 турнирот во Купот на Македонија, откри новитет кој би требало од овој септември традиционално да се одржува секоја година.
Како што најави Стефанов тие како федерација се во преговори за организација на турнир во Охрид, под името „Трофеј Македонија“.
„Сакам да најавам дека сме во преговори за во септември да се одржи турнир под името „Трофеј Македонија“. На него треба да настапи женската репрезентација и неколку други учесници. Не се дефинирани учесниците и моделот, а се надевам дека со поддршка на градот и градоначалникот ќе биде значаен за нас во ракометот, но и градот Охрид“, откри претседателот на РФМ, Стефанов.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

