РФМ со премија за „златните“ ракометарки

Македонската женска кадетска репрезентација го освои ЕХФ шампионатот во Клаипеда откако во финалето ја совлада репрезентацијата на Исланд, а со тоа беше обезбеден и настап на три големи натпреварувања, ЕП за кадетки и младинки, односно СП за кадетки.

„Златните“ ракометарки денеска беа на примен кај раководството на РФМ, а претседателот Живко Мукатеов најави подароци и еднократна премија од 31.000 денари за секоја од ракометарките и стручниот штаб.

„Она кое го направивте на овој турнир не направи посебно горди и е голема радост за сите нас. Јас би сакал лично да ви се заблагодарам. Ова е еден преубав почеток на вашите кариери сениорски кои допрва следат. Тука сме ние како федерација да помагаме и заедно да правиме добро за македонскиот ракомет и македонскиот спорт. Она кое го направивте сите, со стручниот штаб, заслужува едно огромно браво.

Ние како Федерација одлучивме да ве наградиме за тоа со подароци од нашиот спонзор „Ребека“. Плус, следи и парична награда од 31.000 денари, затоа што цело лето бевте професионални, се откажавте од одмори и бевте со репрезентацијата за да направиме нешто многу важно за Македонија“, изјави Мукаетов.

Како потсетување, Македонија на ЕХФ шампионатот во Литванија настапи со следните ракометарки:

Андовска Зорица, Богојеска Сара, Божиновска Ева, Чурлиновска Матеа, Димитровска Ана Марија, Димова Елена, Дукоска Теодора, Еленин Адела, Ѓеоргиевска Вероника, Голабоска Марија, Јанкуловска Марија, Јовановска Марија, Кирова Ема, Коцева Бојана, Коцева Борјана, Корлевска Сандра, Максимовска Наталија, Маринчов Миа, Маркоска Дона, Младеновска Ива, Нестороска Нена, Переска Тијана, Пешиќ Мила, Пупунчоска Анастасија, Радевска Бојана, Равојска Јана, Ризоска Емилијана, Рујановска Сара, Спасевска Деника, Тошевска Магдалена, Трпеска Анастасија, Велигденова Јана, Велкова Ива и Затуроска Бојана

Се вчитува...