Рибери може да остане и без трансферот во Верона!?

Трансферот на Франк Рибери во Верона може да пропадне затоа што Французинот не може да се договори за платата со италијанскиот прволигаш. 38-годишниот Рибери начелно имаше договор со Верона, но, според последните вести, камен на сопнување во преговорите може да бидат прекумерните финансиски барања на фудбалерот.

Според италијанските медиуми, Рибери сака да добие 1,8 милиони евра од Верона за едногодишен договор. Раководството на клубот смета дека оваа сума е преценета. Сепак, Верона се уште е заинтересирана за Рибери доколку играчот ги намали финансиските апетити.

Се вчитува...