Риболов станува олимписки спорт, шах и билијард на чекање?

Се поизвесно е дека Олимписките игри ќе имаат нов лик во иднина. Тоа пред се, се однесува на спортовите кои се планираат да бидат дел од Олимписката програма.

Познато е дека во 2024 во Париз ќе имаме „брејк-денс“ како олимписки игри. Но, се размислува на укинување на скејтборд и сурфање.

Од олимписки спорт излегува бејзбол, така што во Токио годинава последен пат го гледавме бејзболот како олимписки спорт.

Но, Меѓународниот олимписки комитет ќе разгледа уште некои предлози, а како олимписки спортови во иднина би можеле да ги гледаме и шах, билијард и риболов.

Шах и билијард се споменуваат како спортови во Париз 2024 година, но и натаму чекаат одобрение. Спортот кој е најгласен за воведување во Олимписката програма е кикбокс, за кој беше најавено дека ќе дебитира во Рио, а го немаше ниту во Токио.

МОК донесе одлука дека земјата домаќин може да избере спорт кој што ќе го гледаме на игрите. Јапонците го одбраа карате, а Париз го одбра „брејк-денс“.

Се вчитува...