Ридигер дефинитивно заврши со Германците

Дефанзивецот на Реал Мадрид, Антонио Ридигер, одлучи да се повлече од германската репрезентација и местото да го отстапи на помладите.

Ридигер дебито за „Панцирите“ го имаше во 2014 година и за 12 години одигра 86 натпревари и постигна три гола.

„По подолго размислување, дојде време да ја завршам репрезентативната кариера да направам место за младите генерации. Кога во 2014 година првпат го облеков дресот на Германија, не замислував дека ќе одиграм дури 86 натпревари за репрезентацијата“, порача Ридигер кој сега целосно ќе се фокусира на настапите за Реал Мадрид.

 

Се вчитува...