Риера со ултра-комплименти: Гаштаров покажа „мастерклас“

Новиот тренер на Црвена Звезда, Алберт Риера му даде шанса од првата минута на Матеј Гаштаров на синоќешниот дуел со Чукарички, а шпанскиот стратег по дуелот го издвои токму младиот Македонец како играч од кого бил најмногу импресиониран.

„За мене лично, Гаштаров покажа „мастерклас“ на денешниот натпревар. Ако некого треба да издвојам поединечно, тоа е тој. Најверојатно внимателно забележувал како Раде Круниќ игра на таа позиција. Како се брани како стопер, а знае и да создаде вишок на средината од теренот како „шестка“. Тој заслужува само честитки, мило ми е што младите играчи многу брзо ги прифаќаат идеите што ги работиме на тренинзите“, истакна Риера.

Нема дилема дека Македонија добива нов фудбалски бисер, а само прашање на време е кога младиот Гаштаров ќе го видиме и во дресот на А-селекцијата.

Се вчитува...