Рига го отпушти Седлоски, Летонија беше лоша екскурзија

Македонскиот фудбалски стратег Гоце Седлоски доби отказ од летонскиот клуб Рига. По лошиот старт на сезоната и неисполнетите очекувања, Седлоски и неговиот асистент Александар Влахо заминуваат од Летонија. Рига за негов наследник го именуваше Михаил Коениев, кој досега работеше со вториот тим.

Рига имаше шампионски амбиции пред почетокот на сезоната, но по девет натпревари освои само 13 бода и се наоѓа на петтата позиција на табелата. Во тимот нема победничка атмосфера, а во таков случај секогаш прв на удар е тренерот. Седлоски си заминува без да остави некој посебен печат во овој клуб.

 

 

 

Се вчитува...