Рига се врати во игра – Вардар преку продолженија ќе бара пласман понатаму во Конференциска лига (ВИДЕО)

Фудбалскиот шампион на Македонија, Вардар преку продолженија ќе мора да го бара пласманот во 3. коло од Конференциската лига, откако по 90 минути во Рига има предност против домашниот тим од 1-2.

Вардар до водство дојде  во 17. минута по извонредниот гол со волеј-удар на Давид Бабунски.   

Но, веќе во 19. минута директен црвен картон за Најдоски кој стартуваше пред македонскиот гол, па до крајот „вардарци“ ќе играат со фудбалер помалку. Домашните по исклучувањето на Најдовски комплетно доминираа со неколку 100% шанси, но одличен на голот на Вардар беше Давор Талески кој спречи најмалку четири извонредни шанси на Летонците за гол.

Во вториот дел Вардар излезе многу похрабро, а сето тоа вроди со плод во 66. минута кога прецизно стрелаше капитенот Азер Омерагиќ за 0-2.

Riga FC 0-2 Vardar [3-4 on agg.] – Azer Omeragic 66'
byu/Meladroit10 insoccer

Сепак, избраниците на Кристијан Фабијани не успеаја да се одбранат. Таиво во 87. минута намали на 1-2 и натпреварот го однесе во продолженија.

Riga FC [1]-2 Vardar [4-4 on agg.] – Abdulrahman Taiwo 87'
byu/Meladroit10 insoccer

Се вчитува...