Ријека без Македонците на големото дерби со Динамо Загреб

Екипата на Ријека ќе биде осетно ослабена за претстојното дерби со Динамо Загреб, за кое тренерот Кек најверојатно нема да може да смета на двајца македонски репрезентативци, Леонард Жута и Стефан Ристовски. Жута сигурно нема да настапи на оваа средба бидејќи жолтиот картон против Цибалија значи и автоматска суспензија од еден натпревар за левиот бек, а уште поголем проблем за Кек е повредата на Ристовски, ќиј настап е крајно неизвесен.

Стефан Ристовски и Вешовиќ веднаш по натпреварот се пожалија на повреди. Треба да почекаме да видиме за што точно станува збор, но јасно е дека нивното неиграње, заедно со отсуството на Жута, би било огромен проблем за нас“ – изјави Кек по вчерашниот рутински триумф над Цибалија.

Ријека има предност од четири бода во однос на второпласираниот Динамо Загреб и евентуална победа претстојниот викенд широко би ги отворила вратите за овој тим да ја прекине доминацијата на „модрите“ и да се закити со титулата во хрватскиот шампионат.

Се вчитува...