Ријека го губи приматот во Хрватска: Динамо ја освои „Рујевица“

Не е онаа истата Ријека од минатата сезона во хрватскиот шампионат. Во дербито на 5. коло од хрватското првенство, Ријека загуби од Динамо Загреб со 0-2 (0-2).

Ријечани го губат приматот во Хрватска кој го имаа минатата сезона, сосема заслужено доживувајќи го и вториот пораз сезонава, сега од „модрите“ пред преполната „Рујевица“.

Динамо Загреб до предност дојде со голот на Фернандес уште во 11. минута од средбата…

Junior Fernandes Goal Rijeka 0 – 1 Dinamo… by ZidaneHD

На 0-2 зголеми истиот играч со гол од пенал во 41. минута откако со рака во својот шеснаесетник играше македонскиот интернационелец Леонард Жута.

Penalty Goal Fernandes J (0:2) HNK Rijeka… by ylberenexhipi

По оваа победа, Динамо Загреб со 13 бода е сигурно на врвот, пред Ријека која остана на 9 бода по пет натпревари.

Се вчитува...