Рики Рубио се враќа на кошарката, и тоа со настап за Шпанија

Рики Рубио е подготвен за камбек на кошаркарските терени, извонредниот плејмејкер во изминатиот месец тренираше со Барселона, а своето враќање ќе го има во дресот на шпанската репрезентација. Одличниот кошаркар нецела година е надвор од терените откако  се повлече од подготовките за Мундобаскет 2025, а потоа и не настапуваше во НБА-лигата обелоденувајќи дека сака да посвети внимание на своето ментално здравје.

Состојбата во меѓувреме се подобри, Рубио изрази желба за повторно да игра кошарка, а Барселона веднаш му се стави на располагање, потпишувајќи и договор со него што ќе стане валиден кога тој ќе посака и официјално да се врати на терените.

Селекторот Серџо Скариоло реши да го вклучи Рубио во составот на „црвената фурија“ за стартот од квалификациите за Евробаскет 2025 и дуелите со Летонија и со Белгија, обелоденувајќи дека тоа било желба на самиот кошаркар.

„Разговарав со Рики и ми кажа дека сака првиот меч да му биде во репрезентативниот дрес. Јас бев пресреќен кога го слушнав тоа, секако дека му ја исполнил желбата. Му реков само една работа – да си ги намали очекувањата, дека не смее да се надева веднаш на формата со која беше МВП на Мундобаскет во 2019. За такви работи треба време, затоа, Рубиомора да биде трпелив“, изјави Скариоло.

 

Се вчитува...