Рикиќ останува: Со Работнички имаме недовршена работа

Српскиот интернационалец Роберт Рикиќ потврди дека и следната сезона ќе го носи дресот на Работнички во Суперлигата на Македонија.

Искусниот центар во видео обраќање потврди дека останува во клубот, велејќи дека тие имаат недовршена работа. Рикиќ својот втор мандат во тимот од градски парк го почна минатата сезона, а претходно дресот на Работнички го носеше и во сезоната 2023-2024.

Во Македонија уште настапуваше и за МЗТ Скопје Аеродром и Еуро Никел.

Се вчитува...